Унгарија го среди интернационалниот Катар

По изненадувачкото реми во првото коло од Мундијалот во Германија и Данска против Аргентина, селекцијата на Унгарија се врати на вистинскиот пат кон втората фаза на СП.

Избраниците на Владан Матиќ и Иштван Чокнаи триумфираа без поголеми проблеми над интернационалниот состав на Катар со 32-26.

Победникот беше решен уште по првиот дел кога Унгарците поведоа со 16-11, а во вториот дел се што направи Катар беше тоа што стигна на минус 4.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Мате Лекаи со пет голови, а по четири постигнаа Бодо и Бока, додека кај Катар се истакнаа Синен и Карол со по пет погодоци.