Уве може да го напушти ПСЖ, сака да се врати дома

Левото крило на тимот на ПСЖ и еден од најдобрите ракометари во репрезентацијата на Германија, Уве Генсхајмер не ја отфрла можноста да се врати во тимот каде што се изгради како играч, Рајн Некар Левен. Во клубот каде помина 13 години тој со задоволство би играл и понатаму, а овие вести почнаа да кружат низ весниците во Германија.

300x250

Весникот, Рајн Некар Цајтунг кој ислучително е наклонет кон екипата на Рајн Некар Левен ја пренесува информацијата дека новинари од весникот разговарале со агентите на Генсхајмер кои соопштиле дека преговорите меѓу Рајн Некар и ПСЖ се во напредна фаза.

Шпекулациите околу можното враќање на Уве во Рајн Некар Левен пред неколу седмици ги подгреа и претседателот на тимот од Мајнхајм, Џенифер Катеман.

„Јасно е дека не можеме да ја платиме сумата која Генсхајмер ја добива во Париз, но можеме да му понудиме враќање дома каде сите топло го очекуваат“.

Дека е возможно вакво сценарио говори и фактот што моменталниот најдобар левокрилен играч на Рајн Некар Левен, Гудјон Валур Сигурсон има 39 години и е на залезот на неговата кариера. Ако се споредат годините на Сигурсон и годините на Уве Генсхајмер јасен е фактот дека Уве со своите 31 година може сè уште да даде многу и би бил идеална замена за искусниот Исланѓанец.