Убедливи победи за Ерд, Ѓер и ФТЦ : Мошонмаѓаровар го изненади тимот на Вац на стартот од унгарското првенство

Во средата  започна унгарската супер лига во женска конкуренција. Актуелниот шампион Ѓер пред своите фанови имаше лесна задача против Бекешчаба и оствари убедлива победа со резултат 35 : 17 (16 – 8). Противниците на ЖРК Вардар и ЖРК Металург во европските натпреварувања, Дунајварош и Шиофок се пресметаа во првото коло. Во драматичен натпревар подобри беа ракометарките на Шиофок со еден разлика  24 : 25 ( 13 – 13) во нивна корист.
Во Будимпешта во првото коло од новата сезона се пресметаа  двете локални екипи, ФТЦ и МТК. Екипата на ФТЦ во првите 20 минути од натпреварот се соочи со силен отпор од спротивниот табор, но во останатиот дел од натпреварот  доминираше на теренот и заслужено победи со резултат 33 : 28 ( 18 – 12). Најубедлива победа оствари Ерд против новиот суперлигаш Сегед. Ракометарките на Ерд го демолираа Сегед со високи 39 : 17 ( 17 – 9). Првото изненадување го направи Мошонмаѓаровар  каде на гостински терен ја совлада екипата на Вац со 21: 22  ( 10 – 11) за составот на Мошонмаѓаровар. Нашата интернационалка Марија Штериова беше стрелец на четири голови во дресот на Вац. Фехервар на домашен терен го доби натпреварот против Дебрецен со 23 : 20 (12-12).Резултати од првото коло

Ѓер Ауди ЕТО – Бекешчаба 35 : 17 ( 16 – 8)

ФТЦ Будимпешта – МТК Будимпешта 33 : 28 ( 18 – 12)

Вац – Мошонмаѓаровар 21 : 22 ( 10 – 11 )

Дунајварош – Шиофок 24 : 25 ( 13 – 13 )

Ерд – Сегед 39 : 17 ( 17 – 9)

Фехервар – Дебрецен 23 : 20 ( 12 – 12)