Убедлива контрола: Македонија ја прегази Саудиска Арабија и најави одлично ЕП

Македонија забележа победа на првата од двете контроли пред Европското првенство откако ја совлада Саудиска Арабија со 37:21 во меч во кој доминираше во текот на целата средба.

300x250

Уште во првото полувреме беше јасно кој ќе победи бидејќи Македонија успеа да стигне предност од 19:11. Оваа разлика беше доволна за да се влезе мирно во продолжение од натпреварот и на тој начин да се добие овој дуел.

Саудиска Арабија не беше никаков проблем за да се добие бидејќи осумте гола предност од првото полувреме беа зголемени во вториот дел за дополни осум за вкупно 37:21 со што првата контрола беше повеќе од успешна.

Воедно ова беше одлична најава за она што ќе се случува утре кога ов 18 часот Македонија ќе игра против Србија во втората контрола во Белград. Ова воедно е и генералка пред ЕП бидејќи до првиот дуел против Словенија на 13 јануари нема да има друг натпревар.