Трпчевски за 24 Ракомет: Одработивме одлично, се надевам ќе бидеме уште посилни (ВИДЕО)

Екипата на Работнички со победата над Прилеп од 38:30 обезбеди пласман во Супер машката лига. Овој бараж беше решен успешно така што на крајот сезоната беше финиширана успешно.

Сезонава клубот беше воден од еден од најискусните тренери во Македонија, Ристо Трпчевски-Буцо кој успеа со тимот да се пласира во најсилната лига.

„Имаше многу натпревари во текот на сезоната. Имавме првенство во два дела каде што одигравме многу средби. Го одработивме одлично. Успеавме да сработиме добро 95 проценти од средбите, а киксевите ни беа само пет посто. Се радувам на пласманот во Супер лигата, а се надевам дека сега во текот на летото ќе се засилиме и следната година ќе имаме добра екипа“,  изјави тренерот на Работнички, Ристо Трпчевски за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.