Трпковска и Ардесен убедливи против Ескисехир

Тимот на Ардесен каде што игра македонската репрезентативка Маја Трпковска, ја забележа втората победа во вториот натпревар од турскиот шампионат. Ардесен славеше на гостувањето кај Ескисехир со убедливи 28:44, откако и на полувремето имаше 6 голови предност, 17:23.

300x250

Трпковска не мина на теренот многу време, бидејќи играа ракометарките со помала минутажа, но и покрај тоа успеа 5 пати да се запише во листата на стрелците. Следен предизвик за Ардесен и Трпковска ќе биде дуелот против Аксарај.