Тројца Македонци во изборот на романскиот Ол Стар тим

Тимот на ЧСМ Букурешт, предводен на клупата од поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски, а на теренот од десното крило Гоце Георгиевски, стигна до финалната серија, но таму загуби два пати од градскиот ривал Динамо Букурешт. Сепак, тоа не беше причина двајцата Македонци да не бидат номинирани во Ол Стар тимот на романскиот шампионат за најдобар тренер и најдобро десно крило.

Третиот македонски интернационалец кој е дел од овој избор е човекот што ја заврши играчката кариера во дресот на Констанца, Бранко Ангеловски. Тој е номиниран за најдобар одбранбен играч во Лигата. За тројцата Македонци можете да гласате ТУКА.