Тројца дебитанти во дресот на Македонија на ЕП

Десниот бек на Металург, Мартин Велковски е единствениот ракометар во репрезентацијата на Македонија кој досега немал учество на големо натпреварување во сениорскиот состав.

Велковски нема играно на ваков тип на натпреварување, па денеска ќе го запише својот деби настап.

Што се однесува до Филип Талески и Мартин Поповски и тие денеска ќе дебитираат, но на Европските првенства. Минатиот јануари беа дебитанти на Светските шампионати, па сега можат да запишат деби настап на ЕП.

Оттаму денеска на дуелот против Словенија, Македонија ќе биде со вкупно три дебитанти.