Трофеј „Вардар 2017“: Вардарки во група со Будуќност и Краснодар

Вториот меѓународен женски ракометен турнир „Трофеј Вардар“ ќе се одржи во периодот од 23 до 26 август во салата во СЦ „Јане Сандански“. Организаторот на турнирот Вардар ќе игра во група со Будуќност и Краснодар. Турнирот вардарки го отвараат со Краснодар на 23 август,а следниот ден играат со Будуќност.

Ќе учествуваат шест екипи, што ќе бидат поделени во две групи. Победниците од секоја група потоа ќе играат во финалето. На турнирот ќе се изберат најдобра голман, играч и стрелец.

Група А
Будуќност
Вардар
Краснодар

Група Б
Одензе
ЧСМ Букурешт
Ростов

 

Распоред на натпревари
23 август 2017
15 ч. ЧСМ Букурешт – Ростов
17,15 ч. Вардар – Краснодар

24 август 2017
15 ч. Одензе – ЧСМ Букурешт
17 ч. Будуќност – Вардар

25 август 2017
15 ч. Ростов – Одензе
17 ч. Краснодар – Будуќност

26 август 2017
14 ч. Меч за 5 место
16 ч. Меч за 3 место
18 ч. Финале