Трофејниот тренер ја остави сопругата за 20 години помлада ракометарка!

Романските и унгарските медиуми деновиве се преплавени со информации дека некогашниот селектор на Романија и тренер на европскиот првак Ѓер – а сега на Ростов Дон, Мартин Амброш го напуштил семејството и е во љубовна врска со 20 години помлада ракометарка.

Станува збор за десното крило на рускиот шампион и на репрезентацијата, 31-годишната Јулија Манагарова. Мартин има 51 година, две деца од актуелниот брак и во моментов и е тренер на Манагарова во Ростов Дон.

Таа е родена во Украина, а руско државјанство доби во 2014 година и оттогаш ги брани боите на Русија.