Три селекции без пораз на ЕХФ-шампионатот во Грузија

Вчерашниот ден донесе неколку интересни средби на ЕХФ-шампионатот во Грузија каде селекциите на Швајцарија и Македонија досега имаат максимално постигнување односно имаат по три победи, додека Италија поради тоа што беше слободна на стартот има победа помалку, но исто така е со максимум бодови.

Изненадувањето на денот одново беше со селекцијата на домаќинот. Грузија беше фаворит после победата над Белорусија и се очекуваше лесно да ја совлада Грција, но претрпе убедлив пораз и сега е сè подалеку од полуфинале.

Според ова денеска ќе биде многу возбудливо бидејќи има уште едно коло до крај и ќе мора да се користи секоја шанса за бодови.

ЕХФ-ШАМПИОНАТ (ГРУЗИЈА)

ГРУПА А

3.КОЛО

ШВАЈЦАРИЈА – ЛУКСЕМБУРГ            26:25

МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 30:29

ЕСТОНИЈА – ЛИТВАНИЈА       23:21

4.КОЛО (ДЕНЕСКА)

09ч

ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЛИТВАНИЈА

11ч

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

13ч

ЛУКСЕМБУРГ – ЕСТОНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Швајцарија 6 бода (98:65); 2. Македонија 6 (93:84); 3. Фарски острови 2 (86:83); 4. Луксембург 2 (82:83), 5. Естонија 2 (66:85); 6. Литванија 0 (69:94).

ГРУПА Б

3.КОЛО

ГРЦИЈА – ГРУЗИЈА      24:19

ИТАЛИЈА – ФИНСКА     32:17

4.КОЛО (ДЕНЕСКА)

15ч

ИТАЛИЈА – ГРУЗИЈА

17ч

ФИНСКА – БЕЛОРУСИЈА

ТАБЕЛА: 1. Италија 4 (59:37); 2. Грузија 3 (76:73); 3. Белорусија 2 (56:54); 4. Грција 2 (66:78); 5. Финска 1 (42:57).