Три негатива на одмор против Португалија, претстои пеколно второ полувреме

Македонија одигра квалитетни 30 минути против Португалија, но селекцијата која е хит на досегашниот дел од првенството покажа зошто имаше пет победи од пет средби во групата Д и го освои првото место. На полувреме Македонија губи со 12:15, но ова е активен резултат така што има простор за уште надигрување во вторите 30 минути.

Од почетокот на средбата Македонија тргна борбено во одбраната. Агресивната игра даваше резултат од првата минута и овозможи да се одбрани првиот напад, а потоа и да се реализира за да се дојде до отворање со погодок.

Португалците покажаа дека имаат многу комбинаторика во нивната игра и акции со кои задаваа проблеми за одбраната. Сепак, Кизиќ успеа да запре неколку удари, а потоа во нападот да се одигра сигурно и со шутеви кои одеа прецизно во делот од голот кој не беше бранет.

Таквата игра донесе и и предност од два гола, 8:6, но истата беше загубена набрзина, па во 21. минута беше нерешено, 8:8. Тука одново беше обезбедено водство, но следуваа два гола од Португалија со која оваа селекција дојде до гол позитива. Овој гол го одржуваа постојано, но Македонија успеваше да израмни и да остане во ритам на овој натпревар.

Португалија искористи шанса за да дојде до предност од три гола и овие три погодоци ги задржа и во финишот од првиот дел. На паузата е 12:14, а во првиот дел најефикасен репрезентативец на Македонија е Мартин Серафимов со шест гола, додека по два имаат Костески и Младеновиќ.