Трилер во градското дерби: Ниту Георгиевски не му помогна на ЧСМ во битката за Букурешт

ЧСМ Букурешт, каде што настапува македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, загуби од градскиот ривал Динамо Букурешт со 26:25, иако во текот на натпреварот од 20 коло водеше и со 7 голови разлика, 9:16.

Десното крило на нашата репрезентација беше најдобар поединец во гостинските редови со 4 голови, но ниту тоа не беше доволно да се избегне поразот. Лошата игра во нападот во вториот дел и само 9 постигнати голови беа премалку за нешто повеќе за ЧСМ Букурешт во градското дерби.

Со серија од 8-1 во вториот дел, Динамо стигна до нерешените 17:17 во 45 минута. Потоа се играше гол за гол, се до финишот додека Естеки не го постигна победничкиот гол за 26:25. По овој пораз, ЧСМ остана на третото место и во преостанатите 6 кола од регуларниот дел во романскиот шампионат ќе брка подобро стартно место во плеј-офот.