Трето па женско: Ацо Јоновски стана татко!

Македонскиот репрезентативец Ацо Јоновски не беше дел од последната акција на националниот тим, но и покрај поразот од Грција во рамките на квалификациите за нашата репрезентација, тој минатиот викенд сепак имаше причина за радост. Неговата сопруга донесе на свет уште една принова во семејството.

По двете ќерки, Јоновски стана татко на уште едно девојче, кое го доби името Јоана. Стружанецот ја сподели радоста со неговите двајца соиграчи од Ратинген, Филип Лазаров и Петар Ангелов, а Лазаров објави видео на Инстаграм и му порача да оди до четврта мајка, за да добие машко.