Третото место од седмата СЕХА-сезона за Целје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Целје си заминува од Скопје како третопласиран состав од 7. СЕХА завршен турнир откако во битката за 3. позиција славеше над составот на Мешков Брест со 31:28. Ракометарите на тимот од Словенија имаа повеќе од играта и успеаја да покажат квалитет кој беше доволен за победа.

300x250

Во интересен и неизвесен натпревар сè се решаваше во завршните моменти откако имаше големо надигрување. Сепак, составот на Мешков не успеа да се снајде најдобро, па остана на последното место на овој завршен турнир.

Како изгледаше на теренот на оваа средба може да се погледне од фотографиите во продолжение.