Трета „црвено-црна“ ѕвездичка во СЕХА: Торта и злато во соблекувалната на Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар е првата екипа што трипати ја освојува регионалната СЕХА Газпром лига откако во финалето во Брест, ракометарите на Раул Гонзалес со 26-21 (11-11) го победија Веспрем. Ова е прв трофеј сезонава за „црвено-црните” на неколкуте фронта каде се борат за највисоките одличја. По ланското финале кога несреќно загубија во самата завршница на натпреварот, сега во ниту еден момент вардарци не беа надиграни. Вардар е единствениот тим што овие сезони успева да го победи Веспрем, не само во Скопје, туку и на неутрален терен и да му „украде“ и бодови во Унгарија.

 

ФОТО: СЕХА/ РК Вардар