Тренерот на Вардар не ги сака турнирите со многу средби во три дена

Последната контрола за ракометарите на Вардар беше во Стразбур, а таму забележа едно реми и два порази. Сепак, вистинското ќе се види допрва откако ќе почнат официјалните средби.

300x250

Вардар ќе стартвува прво со средбите од СЕХА-лигата, а потоа доаѓаат и дуелите од Лигата на шампионите.

Тренерот на тимот, Роберто Гарсија Парондо вели дека не ги сака турнирите од типот како што беа во Франција и во Германија бидејќи на нив се играат неколку средби во краток период и нема слободно време за добра подготовка.

„Во Стразбур беше речиси исто како и во Германија. Го имавме истиот проблем и ни беше тешко да најдеме решение. Одигравме добро на средбата против ПСЖ, а потоа веќе следниот ден имавме многу лош натпревар против Мешков Брест. На средбата против ПСЖ игравме само со 12 ракометари, а тие одиграа одличен натпревар. После неполни 24 часа ние моравме да одиграме повторно тежок натпревар против Мешков и тоа со речиси истите играчи и не успеавме. Истото беше и на турнирот во Германија. Мене не ми се допаѓаат ваквите турнири бидејќи тие играте три меча во три дена, а тоа не ја дава реалната слика. Во така кратко време не можете да ги проверите играчите и да видите во каква форма се. Многу е тешко“, вели Парондо.

Тој очекува в среда против Металург да биде далеку подобро и екипата да покаже добра форма.