Тренерите на Спортинг на часови кај Парондо и Вардар (ФОТО)

Екипата на Спортинг после победата над Металург во 7. коло од Лигата на шампионите уште е во Скопје, а денеска стручниот штаб беше на гости на Вардар. Членовите на Спортинг беа на пресот пред натпреварот на Вардар против Барселона.

Монтеиро и неговите колеги беа во разговор со тренерот на Вардар, Роберто Парондо каде можеа да дознаат како е да се работи во таборот на освојувачот на Лигата на шампионите од 2017 година.

Покрај тоа останаа и на прес-конференцијата за да слушнат што може да се очекува од натпреварот в недела во СЦ „Јане Сандански“.