Тргна Металург, продолжи Загреб, а заврши Спартак Москва

Дел од тренерите оваа седмица нема да ја паметат по добро. Започна во понеделникот со смена на кормилото на Металург и отказ за Дамир Стојановиќ, продолжи со отказ за Бранко Тамше.

На клупата на Загреб, Словенецот беше заменет со легендарниот Веселин Вујовиќ, а во текот на вчерашниот ден и уште една екипа од СЕХА реши за тренерска промена.

Рускиот Спартак Москва по поразите од Мешков, Еурофарм и Веспрем, на местото на Игор Левшин, на клупата го донесе поранешниот селектор Олег Кулешов, кој беше на клупата на СКИФ Краснодар.

Левшин останува во клубот и ќе работи како помошник на Кулешов. Следен предизвик за Спартак Москва ќе биде домашниот дуел против Загреб на Вујовиќ.