Тргна возот на Словенците кон Загреб (ФОТО)

Прв противник на македонската репрезентација ќе биде Словенија. Избраниците на Раул Гонзалес посакуваат одмазда за последните два порази од овој противник, а прв наптревар на ЕП е одлична можност за тоа.

Словенците ќе бидат ослабени за неиграњето на неколкумина стандардни ракометари, пред се пикерот Матеј Габер, десните бекови Јуре Доленец и Вид Кавтичник, а ќе недостига и Нико Медвед. Згора на се, Ник Хенигман, исто така е повреден, но ќе стисне заби.

Избраниците на Вујовиќ во текот на денот пристигнаа во главниот хрватски град, на невообичаен начин, со воз…а на ист начин утре ќе пристигнат и поголем дел од навивачите.