Трајковиќ му донесе бод на Куманово во Автокоманда

Кумановски одиграа уште еден тежок меч и си заминаа со бод од гостувањето во Автомоканда, а дури 12 од головите ги постигнаа од линијата од седум метри.

300x250

Металург и Куманово имаа интересна пресметка во која нијанси решаваа за победникот. Доколку домашните успееја да реализираат барем уште еден од пеналите работите можеа да имаат сосема поинаков тек, но вака и двата тима мораат да бидат задоволни со по еден поен.

Во текот на целата средба имаше пресврти, но главното се случуваше во последните моменти од мечот.

Металург влезе во завршницата со предност од 21:18. И тогаш Мила Трајковиќ успеа со три погодоци да му донесе реми на својот тим и да му донесе поен. Два од овие три гола беа од линијата од седум метри, па ова е голем бод за кумановки кои во пролетниот дел од сезоната играат променливо.

МЕТАЛУРГ – КУМАНОВО           21:21 (8:9)

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Гугуљанова, Владева, Глигоријадис, Боќиновска 1, Тасевска 6, Смајлоска, Алексоска, Дамчевска 1, Калајџиевска 6, Граматова 2, Ѓоргиевска, Стефановска, Гајиќ 5, Брунчевиќ, Паскал.

Седмерци: 4/8, Исклучувања: 12 мин.

КУМАНОВО: Дичковиќ, Стојчевска, Наумоска, Пецанова 2, Трајковиќ 11, Ивановска, Пеовска 5, Петковска, Кипријановска 1, Пецевска 1, Костадиновска 1.

Седмерци: 12/12, Исклучувања: 14 мин.