Тофт Хансен потпиша за Веспрем

Данскиот репрезентативец Рене Тофт Хансен по крајот на сезоната ќе го напушти германскиот Кил и во иднина ќе ги брани боите на унгарскиот шампион Веспрем. Тој петта сезона го носи дресот на „зебрите“, откако во 2012 дојде од данскиот Копенхаген.

Претходно Тофт Хансен ги бранеше боите и на Виборг, Морс и Колдинг. Иако имаше шпекулации дека ќе се врати во татковината во амбициозниот Рибе Есбјерг, сепак нема да се случи тоа, па на лето ќе му се придружи на Веспрем.

Таму на пикерската позиција веќе игра Андреас Нилсон, па Веспрем ќе има скандинавско дуо пикери помогнато од Словенецот Блаж Благотиншек. Тофт Хансен доаѓа во Унгарија како замена за Ренато Сулиќ, кој потпиша за Висла Плоцк.