Топ 7 моменти во СЕХА: Годината 2017 беше година на Вардар (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар доминираат во актуелната сезона во СЕХА-лигата, но покрај тоа 2017 година беше целосно обоена во „црвено-црно“. Како што е познато пред освојувањето на титулата во Лигата на шампионите, вардарци дојдоа и до триумф во СЕХА-лигата така што ова е година која е во знакот на Вардар.

Сепак, во 2017 година имаше и други моменти кои заслужија да бидат одбележани, но во секој случај и во нив вардарци имаат свое место.

Оттаму заслужува да се направи едно резиме на она што беше направено и постигнато во текот на изминатите 12 месеци и дефинитивно беше направено многу од страна на „црвено-црните“ кои како што играат и во новата сезона се фаворити за освојување на титулата.