Топло добредојде со транспарент и македонско знаме за Мартин Томовски (ФОТО)

Мартин Томовски денеска со својот нов клуб во Бундес лигата, Лудвигсхафен го има првиот натпревар на домашен терен. Иако ги игра само првите натпревари тој веќе ги освои срцата на навивачите. На трибините во арената може да се забележи порака за добредојде заедно со македонското знаме.

Противник на Лудвигсхафен е Рајн Некар Левен, а Томовски го очекува своето деби во Бундес лигата. Во продолжение фотографија од поддршката на навивачите за Мартин.