Томовски очекува подобри игри: На следните три меча да го поправиме впечатокот

Голманот, Мартин Томовски доби шанса пред Арсиќ на голот на Металург на дуелот против Целје и имаше осум одбрани на тешкиот меч. Тој имаше можност за 60 минути, па веројатно ова е знак дека во иднина повеќе ќе добива можнсот да биде на голот.

„Одигравме натпревар на кој 40 минути бевме до игра за бодови. Имавме добар резултат во овој период, но потоа напраивме неколку технички грешки и Целје стигна до лесни погодоци. Ќе мораме да го кренеме нивото и сакаме на следните три натпревари да оставиме одличен впечаток пред почетокот на паузата“, рече после средбата, Мартин Томовски.

Од таборот на Целје коментираше Матиц Грошељ.

“Очекувавме епилогот на овој натпревар да ни зависи од она што ние ќе го прикажеме на теренот. Кога сме на потребното ниво тешко некој да не запре, а тоа се виде во второто полувреме. Знаевме дека Металург ќе биде мотивиран, а тоа се виде особено во првото полувреме кога имавме проблеми да го скршиме отпорот. Сепак, во продолжението од средбата успеавме да постигнеме неколку лесни голови и на крајот победата остана кај нас“, рече Грошељ.