Томовски дебитираше со три одбрани против Рајн Некар

Голманот Мартин Томовски го имаше своето деби во Бундес лигата против екс тимот на Талески и тоа на домашен терен против Рајн Некар Левен, Томовски и Лудвигсхафен дадоа силен отпор на фаворитот, но, сепак, забележаа пораз.

Натрпеварот заврши 23:26, а Томовски имаше три успешни интервенции.

Во првиот дел Лудвигсхафен беше во постојано водство од гол или два. Во финишот со два брзи гола Рајн Некар успеа да стигне до израмнување, на полувреме беше 11:11. Вториот дел беше израмнет до средината но потоа домашните направија неколку грешки во напад што Рајн Некар го казни на празен гол и направи недостижна предност.

На другите натпревари Лајпциг го изненади Фуксе Берлин, а останатите фаворити остварија очекувани резултати.

БУНДЕС ЛИГА, 1. КОЛО

Хановер – Минден 36:30 (19:15)
Мелсунген – Фленсбург 19:24 (11:13)
Кил – Гепинген  31:24 (15:14)
Лудвигсхафен – Рајн Некар Левен 23:26 (11:11)
Лајпциг – Фуксе Берлин 24:23 (10:14)