Томас за 24Ракомет ТВ: Вардар сигурно ќе одигра подобро во Барселона (ВИДЕО)

Барселона го победи Вардар среде Скопје со 26-30 и се одлепи на првото место на табелата по првата половина од Лигата на шампионите. Капитенот на каталонскиот гигант, Виктор Томас вели дека било тешко да се игра во жешка атмосфера.

„Тука ја има најдобрата атмосфера во светот. Бевме уверени дека можеме да славиме овде, одигравме одлично, имавме висок процент на ефикасност и среќни сме нештата се развиваат како што посакуваме“, вели Томас.

Целосната изјава на шпанскиот ракометар може да ја погледнете во видео прилогот…