Тимур Дибиров: Победивме тим кој може да дојде до триумф против секого

Играчот на натпреварот против ПИК Сегед, Тимур Дибиров со 11 гола беше убедливо најефикасниот на теренот, а имаше само еден промашен удар и тоа дури во финишот. Тој го промаши 12. шут кон голот на Сиера откако Шпанецот успеа да одбрани. Сепак, и со она што го направи беше убедливо најдобар на теренот.

„ПИК Сегед не се наоѓа на позицијата на која треба да биде. Играат добар ракомет, но имаат помалку бодови од што заслуѓуваат. Среќни сме за победата бидејќи надигравме тим каков шот е ПИК Сегед. Ова е состав кој игра со голем интензитет. Ја бараме играта од првата полусезона, но тоа се враќа со тренинзи така што ќе успееме навреме да се вратиме во ритам., ПИК Сегед е тим кој моѓе да победи против секого така што ова беше како проба за нас и очекувам и понатаму да играме добро и квалитетно“, изјави Дибиров после средбата против Унгарците.