Тимур Дибиров за 24 Ракомет: Очекувавме многу потешка средба со Мешков (ВИДЕО)

Секогаш расположениот за атрактивна игра, Тимур Дибиров пред мечот најави дека oва ќе биде атрактивен триумф за Вардар, а на крајот тоа и беше исполнето. Имаше неколку атрактивни погодоци, а Вардар постојано го диктираше темпото и имаше контрола на играта.

После мечот Дибиров беше задоволен од она што беше направено на дуелот со Мешков иако изјави дека ривалот не можел да смета на комплетниот тим и тоа им попречило да го одржат силниот ритам во текот на сите 60 минути.

„Секогаш кога сме играле против Мешков Брест сме имале тешки дуели. Очекувавме и ова да биде таков натпревар. Сепак, немавме проблеми. Имавме повеќе од играта, а нашиот противник не успеа да ги издржи сите 60 минути“, изјави за 24 Ракомет, Тимур Дибиров.

Комплетната изјава погледнете ја во видеото во продолжение.