Тимур Дибиров за 24 Ракомет: Колегите се виновни за мојата трета награда (ВИДЕО)

Играчот кој ја финишираше СЕХА лигата како најдобро лево крило, Тимур Дибиров после финалето против ППД Загреб и новата титула имаше пофалби за своите колеги на кои им се заблагодари за помошта за да стигне и до поединечно признание.

300x250

Дибиров имаше одлична игра во текот на целата сезона, а даде и свој голем придонес во финалето и во полуфиналето, па сето ова беше и награда за сработеното.

„Трета титула во СЕХА и трето признание за најдобро лево крило. Кога ги добивам овие награди значи дека имам одлични соиграчи во екипата и одличен тренер. Тоа значи дека сме одличен тим и јас можам да им ја посветам оваа награда и да им ја честитам. Сепак, јас ги бројам пехарите на тимски план“, изјави за 24 Ракомет, Тимур Дибиров.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.