Тимот што победува не се менува: Крилото од Шпанија уште четири години во Нант

Добрите игри во дресот на Нант во последните сезони беа причина репрезентативецот на Шпанија да добие нов договор. Десното крило официјално ја продолжи соработката со клубот до јуни 2022 година.

300x250

Крилниот ракометар пристигна во Нант во 2015 година од Барселона и уште на стартот одлично се вклопи во идеите на Тиери Анти. Со своите 27 години и големиот број на трофеи кои ги има освоено се покажува како одлична инвестиција за екипата на Нант.

Среќата и мотивираноста од новиот договор не успеа да ги сокрие ниту шпанскиот репрезентативец, кој со ова има обезбедено уште четири години во својата кариера.

„Многу сум среќен и знам дека го направив вистинскиот избор. Овде во Нант имам се: минутажа, обврски, персонал, но и соиграчи кои прават да се чувствувам одлично. Клубот и неговите инфракструтури ме прават привилегирана личност. Од кога дојдов до сега на прекинувам да напредувам како и клубот. Се чувствувам како да сум во вистинскиот автомобил со кој ќе продолжам да ја пишувам приказната на Нант“, изјави Балагер.

Балагер со Нант има освоено еден Куп на Франција и еден Супер куп, но и неколку финалиња пред сè финале од Лигата на шампионите и финале од Купот на ЕХФ. Потсетуваме дека Балагер со својата репрезентација го освои златото на Европското првенство кое се одигра во Хрватска годинава.