Тимот на Книтлинген со македонски интернационалец на десно крило

Ракометарот од Македонија кој пред две години ја почна својата интернационална кариера во редовите на Бретен од Германија веќе има нов клуб и следната сезона ќе ги брани боите на Книтлинген.

300x250

Повторно се работи за нисколигаш во Германија, а Стојчевски ќе се обиде да ја оправда довербата која ја добива од новата екипа.

Книтлинген се натпреарува во регионалната лига, а Стојчевски ќе треба да помогне на позицијата десно крило. Има 24 години и потекнува од Богданци. За овој тим има играно во два наврати. Дресот на Младост го носеше од 2006 до 2013 година, а потоа и во сезоната 2015/2016. Во меѓувреме настапуваше за Вардар.

Во тимот на Книтлинген се задоволни што го ангажираа бидејќи им одговара со стилот на играта. Им требал брз ракометар, а во Стојчевски успеале да го добијат ова.