Тиквеш ја спаси честа на гостинските екипи со бодот во Ресен

Кавадарчани одиграа добро второ полувреме на гостувањето во Ресен против Преспа и успеаја да се изборат за бод со што покажаа дека знаат како треба да се одигра за да се дојде до добар резултат.

Средбата беше интересна и полна со возбудувања, а нијанси пресудуваа каде ќе заминат бодовите. И двете екипи имаа што да покажат во текот на сите 60 минути, а имаа по неколку расположени ракометари коишто го имаа главниот збор на теренот.

Во првото полувреме и двете екипи се менуваа во водство. И едниот и другиот тим беа во позитива од гол до три, но на одмор Преспа беше таа која замина со водство. Тиквеш откако израмни на 23:23 почна играта гол за гол која не донесе никакви измени на теренот, па на крајот дојде до поделба на пленот.

ПРЕСПА – ТИКВЕШ         29:29 (17:15)

Сала: „Зоран Стојановски“ во Ресен. Гледачи: 400. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ПРЕСПА: Котевски, Ставревски, Шиклевски 1, Даскаловски 7, Шабединовски 8, Наумовски 5, Јошевски 4, Машковски 2, Ѓоргиевски 1, Савевски, Касовски, Стефановски, Камчев, Тунтевски, Стефановски 1.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.

ТИКВЕШ: Анѓелковски, Анѓелков 1, Николовски, Томов 1, Витанов 12, Тодоров 5, Минов 10, Петров.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 8 мин.