Техниката попушти во Клуж: Домаќините мораа сами ја испејат химната

Почетокот на средбата меѓу Романија и Македонија не тргна во корист на домашните бидејќи техниката попушти пред дуелот. Откако беше интонирана химната на Македонија следуваше интонирањето на химната на Романија, но до тоа не дојде.

Техниката попушти, па мораше спикерот на оваа средба со помош на гледачите да ја отпее химната и да го поправи пропустот на организаторот на средбата.

Ако денот по утрото се познава овој меч не тргнува најдобро за Романците кои од трибините имаат поддршка од нешто повеќе од 1000 гледачи.