Терзиќ го продолжи договорот со Веспрем, пристигна и нов голман

Босанскиот ветеран Мирсад Терзиќ имаше договор со унгарскиот вицепрвак Веспрем до крајот на актуелната сезона, а сега го продолжи за уште една.

Специјалистот за игра во одбрана ќе остане во Веспрем најмалку до летото во 2020 година, со што ќе комплетира дури 11 сезони. Терзиќ потекнува од Железничар, а потоа беше дел и од Извиѓач, Загреб и Целје Пивоварна Лашко.

Како замена за Роланд Миклер, кој се сели во големиот ривал ПИК Сегед, Веспрем го ангажираше младиот унгарскиот репрезентативец и голман на Татабања – Мартон Шекели.

Тој потекнува од составот на ПЛЕР, а пред да се пресели во Татабања, три сезони беше дел од Балатонфуреди. Покрај Штербик и Шекели, Веспрем ќе ангажира и трет голман, што најверојатно ќе биде од балканските простори.