Тениската легенда Горан Иванишевиќ е голем фан на РК Вардар (ФОТО)

Хрватската и светска тениска легенда и освојувач на еден од најпрестижните тениски турнири, Вимблдон- Горан Иванишевиќ е фан на актуелниот европски ракометен шамион Вардар.

300x250

Одличните вардарови игри изминативе сезони, како и освојувањето на европската титула минатата година му паднале во очи на Иванишевиќ кој на неколу наврати не ја пропуштил можноста да покаже респект  и восхит кон РК Вардар. На тоа реагирале вардаровите Комити кои на неколкупати од раководството на клубот  побарале да му поклони дрес на легендарниот хрватски тенисер, но од тоа не испаднало ништо.

И покрај игнорирањето од страна на управата, навивачите на Вардар се решиле самоиницијативно да го испочитуваат Горан Иванишевиќ па сами му обезбедија дрес со неговото презиме, кој ќе му биде предаден во пресрет на Ф4 турнирот кој на 26 и 27 ќе се одржи во Келн.

фото: Стамотоски Здравко/facebook