Темелковски ја отвори душата: Во Битола имам предизвик, со Пролет одев по рамна линија

Тренерот со кој Е. Работник настапува од 6. коло во Суперлигата, Илија Темелковски крена многу бура во ракометната јавност во Македонија откако преку ноќ го напушти Пролет. Тој си замина од клубот од Скопје набрзо откако славеше на дуелот против Е. Работник.

Во клубот од Скопје беа незадоволни од таквото заминување, а после дербито со Пелистер во саботата кое Работник го загуби со 17:25, Темелковски кажа зошто одлучи да си замине од Пролет.

„Во Е. Работник добив поголем предизвик. Со Пролет одев во рамна линија. Тоа беше тоа и се знаеше каде одат работите. Пролет секоја година одеше кон тоа дали ќе биде во плеј-оф или во плеј-аут. Тука екипата има повисоки цели и предизвик. Го оставив Пролет со една континуирана работа и здрава екипа, која треба да трае и да продолжи.“ – изјави Темелковски..