Темелковски: Целта е остварена, за повеќе – мора да веруваме во себе

Илија Темелковски е најуспешниот македонски селектор, кога се работи за големите ракометни натпреварувања. Иако не се вративме со медал, од ЕП во 2002 година Македонија беше четврта, а сега во Алжир на шестата позиција, сепак се работи за голем успех, односно најголемиот кога се работи за учества на македонските репрезентации на Мундијали. Темелковски сепак е скромен во изјавите.

„Ние сме презадоволни, целта беше да се пласираме во четвртфинале. Со победата над Русија бевме најмалу шести, можевме и да победиме и на дуелот со Унгарија но што е тука е. Големо трошење беше СП, за 12 дена одигравме 9 натпревари. Имавме и хендикепи, четворица ракометари ни беа повредени и ниту еднаш не бевме комплетни. Крстевски, Нелоски, Арсеновски, Лазаревски исто така на последниот меч не играше, не фати и голем замор исто така во последните денови. Се на се, еден голем успех за македонскиот ракомет, општо за македонскиот спорт.“ – вели Темелковски.

Се чини дека нема преголем јаз меѓу оние во полуфиналето, и македонската репрезентација, но сепак има нијанси кои во елиминациските дуели пресудуваат. Теиелковски смета дека Македонија во иднина би можела да игра во полуфиналето на големи натпреварувања.

„Не е голема разликате меѓу оние во ТОП 4 и меѓу нас. Видовме дека можеме да се носиме со сите, Франција, Шпанија, Данска, Германија. Мислам дека мораме да го подобриме само карактерот, менталниот дел, да веруваме повеќе во себе и нема да имаме проблеми во иднина.“ – заврши Темелковски.