Тежок инцидент во Алжир: Спобудалени навивачи корнеа столчиња и ги нападнаа противниците (ВИДЕО)

Непријатни ракометни сцени ни пристигнуваат од Алжир. На натпревар од националното ракометно првенство  на оваа земја се случил голем инцидент на кој има и повредени.

300x250

Како што информира весникот “Ел Билад”, на осум минути до крајот на натпреварот навивачите на ракометниот клуб Амал Баладиате Барика започнале да ги корнат седиштата по што влегле на теренот гаѓајќи ги противничките навивачи.

Вистинска навивачка војна се водела на теренот, а според информациите кои пристигнуваат од Алжир повредени се 25 претставници на полициските сили и обезбезбедувањето на натпреварот.

Во продолжение погледнете го видеото кое сведочи за крвавиот ракометен натревар во Алжир.