Татран останува без најдобриот стрелец: Трембле го договори Бруно Буторац

Екипата на Татран Прешов ќе загуби одличен ракометар следната сезона. Хрватот Бруно Буторац во новата сезона ќе биде член на Трембле и ќе му се придружи на тренерот Растко Стефановиќ во походот кон освојување на што подобар пласман и обезбедување место во Купот на ЕХФ.

Хрватскиот десен бек кој има 25 години, пристигна во Татран Прешов од Дубрава во 2017 година. Претходно играше за Загреб. Репрезентативец е на својата земја од 2013 година, а претходното лето го освои златото на Медитеранските игри.

Во Трембле на десната бековска позиција настапува неговиот сонародник Лука Шебетиќ.