Татран-Металург е дерби дуел на колото во СЕХА (ВИДЕО)

Средбата меѓу Татран Прешов и Металург која ќе се одигра утре од 18 часот ќе биде дерби дуел на 17. коло во СЕХА-лигата.

Овој меч е прогласен за број 1 од страна на СЕХА, па се очекува да донесе интересен ракомет. Се работи за натпревар за меѓусебен престиж со оглед на тоа што веќе е јасно дека не можат да се изборат за нешто повеќе на табелата.

Сепак, секое надигрување меѓу овие две екипи значи многу за ракометарите и за тимовите, па затоа ќе следува интересна средба на која нијанси ќе одлучуваат кој ќе се израдува на бодовите.