Татабања остана без десниот бек: Јаков Вранковиќ се врати во Динамо Букурешт

Хрватскиот ракометар кој настапува на позицијата десен бек, Јаков Вранковиќ повторно се враќа да игра во првенството на Романија. Тој потпиша со поранешниот клуб Динамо Букурешт.

Вранковиќ претходно беше во Динамо од 2013 до 2017 година од каде што премина во Татабања, а за унгарскиот тим играше две сезони. Сега Хрватот со Динамо потпиша договор на две години.

Тој моментално се опоравува од повреда, но се очекува да биде подготвен за почетокот на сезоната. Освен за Динамо и Татабања, Вранковиќ има играно и за Сплит, Ал Рајан и Дижон.