Танкоски за 24Ракомет ТВ: Немојте да се изненадите од успесите на Металург во иднина (ВИДЕО)

Металург конечно го скрши малерот и во Лигата на шампионите и ја забележа првата победа, откако славеше над рускиот првак Чеховски Медведи со 25-24. Левиот бек Марио Танкоски вели дека ова е само почеток на новиот Металург и дека во иднина не чекаат уште многу победи.

„Немојте да се изненадите кога ќе слушате за победи на Металург. Со новите играчи имаме зголемена ротација и тие многу ни помогнаа против Чеховски Медведи“, вели Танкоски.

Целосната изјава на Танкоски за 24Ракомет ТВ погледнете ја во видео прилогот…