Танген погоди во последната секунда и го однесе Скјерн во полуфиналето на Данскиот плеј-оф (ВИДЕО)

Ракометарите на Скјерн играат одлична сезона на два фронта, а доказ за тоа е пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, каде данците стигнаа по елиминацијата на големиот Веспрем. Сепак во четвртфиналето немаа сили да сторат нешто повеќе откако беа елиминирани од Нант и Лазаров. И покрај елиминацијата во четвртфиналето ова претставува еден од најголемите успеси на данскиот состав, кој продолжува со настапите во данското првенство.
Веднаш по Лигата на шампионите,ракометарите на Скјерн им приредија нова ракометна посластица на своте фанови. Херој на вечерта беше ракометарот Еивинд Танген чиј погодок во последната секунда му донесе победа на Скјерн над Архус со 26-25 и пласман во полуфиналето на Данскиот плеј оф.

Како изгледаше трилер завршницата на овој натпревар погледнете на видеото поголе.