Талески со погодок во ЛШ во победата на Рајн Некар над Загреб

Рајн Некар го совлада ППД Загреб со 31:24, а на овој меч Филип Талески постигна еден гол од два шута и заработи две исклучувања за десетина минути игра.

Овој меч имаше само интересно отворање во кое Загреб успеваше да им одолее на домашните. Десетина минути дури беше и во водство по што работите дојдоа на свое место и Рајн Некар во продолжение постојано ја имаше предноста и без проблеми ја чуваше победата до крајот од средбата.

Талески играше во финишот од првиот дел, а потоа се најде на терен и на стартот од второто полувреме. После десет минути игра беше повлечен, а се врати во финишот, но после само една минута доби исклучување по што остана на клупата.