Талески: Порано не бев заинтересиран за ракомет

Македонскиот репрезентативец и интернационалец, Филип Талески полека но сигурно го зацврстува своето место во екипата на гермаснкиот шампион Рајн Некар Левен. Еден од најголемите таленти на македонскиот ракомет, ја користи секоја шанса од тренерот Јакобсен, а станува интересен и за германските медиуми.

300x250

Ракометот не бил отсекогаш во фокусот на Талески, посебно додека живеел во Прилеп. Интересот за ракометната игра започнува по преселбата во главниот град Скопје, каде го забележал пријател на неговиот татко кој го поканил не еден ракометен тренинг. Од тогаш ракометот станува најважна работа во животот на Филип, а успешната ракометна приказна продолжува да се одвива и повеќе од успешно.

“Морам да бидам искрен и да кажам дека додека живеев во Прилеп немав интерес за ракометот. Но кога се преселивме во Скопје, пријател на татко ми ме покани да присуствувам на ракометен тренинг, каде задоволив и се испадна како што треба”.

Полека но сигурно стигнуваат и споредбите со  најголемите ракометни имиња во македонскио ракомет како што се Кирил Лазаров и Пепи Манасков. Талески на тоа гледа како позитивна инекција и дополнителна мотивација за уште поголем напредок во својата кариера.

“Тоа е еден вид на позитивен притисок. Голема чест е да ве споредуваат со такви ракометни имиња. Тоа ми дава  поголем мотив да тренирам уште повеќе, па со тек на време да стигнам на нивно ниво, а зошто не и да ги надминам”-вели Талески.

Целосното интервју на Филип Талески за германските медиуми можете да го прочитате на следниов линк.