Талески и Рајн Некар претрпеа удар во Берлин

Актуелниот првак на Германија, Рајн Некар, беше на чекор од нова титула во Бундес лигата, но после поразот од Фуксе Берлин сега ситуацијата не изгледа така добро и до крајот на сезоната тимот на Филип Талески нема право на грешка и мора да внимава на следните дуели.

300x250

Фуксе Берлин го совлада Рајн Некар со 29:23 и на тој начин го остави Рајн Некар без важни бодови. Рајн Некар сега има 50 поени, исто колку и Флензбург, но има и меч помалку. Тоа нема да значи ништо доколку се случи уште еден кикс до крајот на сезоната.

Талески имаше добар настап и имаше два гола од два шута. Сепак, ова не беше доволно за да може да се обезбеди повеќе на гостувањето кај Фуксе што значи дека Рајн Некар мора да ги добие четирите останати средби во шампионатот за да може да си обезбеди уште една круна.