Талески и Рајн Некар на пауза како лидери во Бундес

Екипата на Рајн Некар го доби и последниот меч за 2017 година откако вчера на гостувањето кај Штутгарт победи со 29:23. Новите два бода значеа дека „лавовите“ ќе бидат лидери за време на паузата која претстои поради подготовките на репрезентацијата и учеството на Европското првенство во Хрватска.

На дуелот против Штутгарт, Филип Талески немаше погодоци, но најважно е дека ги заврши обврските кон клубот и може да и се приклучи на репрезентацијата во подготовките.

Рајн Некар е прв со 32 бода и има два повеќе од Флензбург, а ова е убава предност особено ако се знае дека „лавовите“ беа долго во криза од стартот на шампионатот и ја бараа играта со која ќе се вратат на лидерската позиција.