Талески и Миркуловски газат во Бундес лигата!

Македонските ракометни репрезентативци Талески и Миркуловски газат во германската Бундес лига.

Рајн Некар и Вецлар обезбедија триумф на денешните натпревари,а македонските интернационалци беа скоро непогрешливи. Рајн Некар го растури Лубек на гостински терен 28-38, а Талевски партиципираше во триумфот со четири погодоци од пет обиди. Оваа партија на македонскиот интернационалец добива на тежина ако се знае дека влезе во вториот дел и во краток период успеа да го торпедира голот на домашните.

Екипата на Вецлар за која настапува Филип Миркуловски беше сигурна на домашен терен совладувајки го одличниот тим нa Хановер со 29-26. Искусниот Миркуловски беше непогрешлив постигнувајќи четири голови од четири обиди.

Рајн Некар и оваа година успешно чекори во Бундес лигата, каде со 42 бодови се наоѓа на првата позиција на табелата пред Фленсбург. Вецлар се наоѓа на 9.место со 25 бодови.