Талески и колегите се „истурија“ врз Кристијанштад

Ракометарите кои во саботата загубија од Вардар денеска го отворија 5. коло од Лигата на шампионите и го совладаа Кристијанштад на домашен терен со 36:27.

Рајн Некар беше подобриот противник на овој дуел и немаше проблеми за да стигне до победата. Водеше во текот на целата средба, а на полувреме имаше предност од 18:14. 

Филип Талески на овој меч заврши со два гола, а најефикасен во редовите на победничкиот состав беше Богдан Радивојевиќ со девет погодоци. Енди Шмид беше зад него со шест, а Владан Липовина со пет гола. Кај поразените со по пет гола најпрецизни беа Нилсен и Гудмундсон.

За овие две екипи воедно почна и паузата од средби во ЛШ бидејќи 6. коло се игра на почетокот на ноември.